Заев: Од 1 јануари шест милиони евра во поддршка за развојот на спортот во Македонија (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/18 8:15 AM

Заев: Од 1 јануари шест милиони евра во поддршка за развојот на спортот во Македонија (Видео)

Од јануари 2019 година во Македонија ќе бидат воведени таканаречени спортски ваучери, со кои домашниот спорт ќе биде поддржан со шест милиони евра – соопшти премиерот Зоран Заев.

„Во новиот буџет за 2019 година ги предвидовме првите финансиски средства за изградба на Дом на спортовите, каде што ќе бидат вдомени сите спортски федерации. Локацијата е обезбедена, со проект од дваипол милиони евра, финансиран директно од буџетски средства, секако потпомогнат и од Олимпискиот Комитет“, информираше Заев на Форумот на спортски новинари од ЈИЕ во Охрид.

„Југоисточна Европа го смени своето лице, градејќи пријателство, градејќи можности за соработка. И оваа ваква конференција, Самит на спортските новинари на Југоисточна Европа, е уште прилика да се издебатира соработката и да издимензионираат нови перспективи во спортот“, додаде тој.