Исклучените граѓани од Топлификација денеска повторно ќе протестираат. Иако досега одржаа безмалку двесте протести, тие најавија нов собир пред Триумфалната капија во Скопје со почеток во 12 часот.
Граѓаните досега повеќе пати апелираа за реформи во судството, порачуваа дека се потребни законски измени. Тоа засега не вроди со плод па тие се соочуваат со извршни судски решенија иако не користат парно греење.


