УЕФА ја казни Романија со натпревар без публика и 73.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/18 5:34 AM

УЕФА ја казни Романија со натпревар без публика и 73.000 евра

Поради расистичкото однесување на романските навивачи на натпреварот против Србија во Лигата на нациите, дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Романија со парична казна од 73.000 евра и еден натпревар без публика.

Дел од паричната казна од 50.000 евра е изречен бидејќи романските навивачи скандираа „Косово е Србија“, но и за навреди кон Унгарците и за истакнување на транспарент на кој пишуваше дека мигрантите се поврзани со тероризмот.

Дополнителните 23.000 евра глоба се за палењето на пиротехника и за влегувањето на навивачи на теренот – објави Македонската информативна агенција.

Романија без публика ќе ја пречека Литванија на 17 ноември.