Службата за техничка сигурност при РЕК Битола се вклучи во одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа сакајќи да стави акцент на напорите што ги презема Комбинатот за обезбедување на подобри услови за своите вработени. По тој повод Здружението за заштита и здравје при работа од Битола одржа работен состанок на кој состанокот беа разменети мислења и искуства за зголемување на безбедноста при работа во РЕК Битола. Она што беше потенцирано е дека бројот на повреди на работно место во РЕК Битола е намален.
„Според статистиката на Комбинатот, во цела 2017 година биле регистрирани 88 повреди на работно место, годинава до денес во РЕК Битола забележани се 70 повреди на работно место. Во споредба пак со 2016 година, годинава заклучно со октомври бројот на повреди на работно место во РЕК Битола е речиси преполовен – 120 во 2016-та, 70 до ноември 2018-та“, рече Кире Климевски, претседател на Здружение за заштита при работа Битола.

Но, и покрај овие показатели, од Службата за техничка сигурност во РЕК Битола велат дека постои дополнителна можност за намалување на бројот на повреди на работно место во комбинатот.
„Службата за тех ничка сигурност ќе преземе дополнителни мерки кои ќе овозможат помал број повреди на самото место. Службата се грижи за вработените, обезбедува нови заштитни средства, дополнителни обуки за вработените “ рече Пеце Матевски, раководител на Службата за техничка сигурност при РЕК Битола.

Секоја година, 43-тата недела во годината, од страна на Европската агенција за безбедност и здравје (EUOSHA) е одредена како Европска недела на безбедност и здравје при работа. Оваа година тема на кампањата е: Здрави работни места – Управување со опасни сустанци.
Маја Богоевска


