Според дел од американските медиуми се верува дека пакетите биле испратени до поранешнот претседател Барак Обама, Хилари Клинтон. Џорџ Сорос, холивудскиот актер Роберт Де Ниро најверојатно се испратени од Флорида. Според властите, сите запленети бомби се многу слични, во начинот на кој биле спакувани до нивната содржина поради што постои сомневање дека една личност била инволвирана.
Федералното истражно биро извршило претрес во пошта во близина на Мајами, во потрага по лицето кое ги испратило пакетите со експлозив.


