Доделени сертификати на наставници кои треба да работат со децата со попречености, во областа на спортот и физичките активности – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/18 11:15 AM

Доделени сертификати на наставници кои треба да работат со децата со попречености, во областа на спортот и физичките активности

Вкупно 55 наставници од тетовските основни училишта вклучени во проектот Инклузивен спорт денеска добија сертификати,  кои се потврда за нивната умешност да работаат со децата со посебни потреби во областа на спортот. Здруженијата бараат лицата со посебни потреби да бидат активно вклучени во спортот со цел нивен правилен развој.

Целта на проектот Инклузивен спорт е да се подигне јавната свест за вклучување на децата со посебни потреби во спортските активности и во училиштата и во годишната општинска програма, со цел нивен правилен развој.  

Во рамки на проектот Инклузивен спорт, наша реалност, минатиот месец на спортскиот центар во Тетово, беше организиран настан на кој деца со посебни потреби вежбаа атлетика. Овој месец во спортската сала на Текстилното училиште во Тетово беа организирани два спортски настани за учениците со поисебни потреби, едниот беше кошарка, а другиот Голбал.

Зоран Димовски