Претресот е извршен во домот и помошни простории на 62-годишeн тетовец на улица „108″ во Тетово.
При претресот, реализиран со судска наредба, на дрвена маса, пронајдена е материја „трокаин”, дигитална вага, чинија со остатоци од бела прашкаста материја и метална лажица.
Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, a 62 годишниот тетовец заедно со неговиот син и уште едно лице кои биле затекнати во помошна просторија-гаража, лишени се од слобода, додека едно од лицата е задржано во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.Се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера попладне од засега неутврдени причини, избувнал пожар на нивата, сопственост на 40-годишниот Б.Д. од тетовско Горно Седларце, лоцирана во атарот на селото Челопек, во месноста „Скопски пат”.Огнот зафатил околу 1500 метри квадратни од нивата засадена со ореви и предизвикал штета која дополнително ќе се утврдува.
Во рамките на континуираните активности на Секторот за внатрешни работи Тетово за поголема безбедност во јавниот превоз на патници, вчера од 9 до 13 часот, спроведена е акциска контрола.
Со контролата во Тетово биле опфатени 60 возила – автобуси, комбиња и други .Во текот на контролата, 46 возила испратени се на вонреден технички, од нив 10 возила имале неисправни сопирачки, а две не извршиле преглед и ќе се соочат со соодветен поднесок.
Десетте возила со неисправни сопирачки веднаш се исклучени од сообраќај, а на 12 возила изготвени им се прекршочни платни налози.
Во контролата во Гостивар откриени се шест возила со неисправни сопирачки, додека две не се јавиле на технички преглед .Со оваа контрола биле опфатени 20 возила.
Шестте со неисправни сопирачки исклучени се од сообраќај, а на вкупно 10 изготвени им се соодветни поднесоци, со напомена дека глобата за техничка неисправност изнесува 400 евра во денарска противвредност.
Зоран Димовски


