Двајца рудари, на четириесет и едногодишна и четириесетгодишна возраст од рудникот Тораница се здобиле со повредси при при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда.
Вчера попладне тие биле однесени во Здравствениот дом Крива Паланка за укажување лекарска помош, по што едниот бил задржан таму, а другиот поради посериозни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.


