При одрон на руда, повредени двајца рудари во Тораница – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/18 8:29 AM

При одрон на руда, повредени двајца рудари во Тораница

Двајца рудари, на четириесет и едногодишна и четириесетгодишна возраст од рудникот Тораница се здобиле со повредси при при вршење на ископ во рудникот, каде се  одронил материјал – руда.

Вчера попладне тие биле однесени во Здравствениот дом Крива Паланка за укажување лекарска помош, по што едниот бил задржан таму, а другиот поради посериозни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.