Судовите во полошко ги отворија вратите за граѓаните. Вчера Основниот суд во Тетово и гостиварска апелација, организираа отворен ден каде студентите и средношколците се запознаваа со работата на овие судски институции.
Апелациониот суд во Гостивар, беше отворен за студентите и средношколците во рамки на на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда, 25 октомври, кој има за цел преку разни активности граѓаните непосредно да се запознаат со функционирањето на системот на правосудството.
Младите во судот ги прими претседателот на Апелација, Шефајет Хајдари,
И во Тетовскиот основен суд, младите имаа можност да се запознаат со работата на судовите и нивното функционирање. Од Тетовскиот основен суд не дадоа изјава, но порачаа дека оваа институција секогаш е достапна за граѓаните, кои можат да добијат информации и од порталите во судовите, а исто така на нивната интернет страница се објавуваат пресудите.
Додадоа дека во тетовскиот суд се постапува на време, се трудат помалку да се одлагаат постапките за да биде процесот поефикасен и поекономичен. Предност се дава на постапките кои се постари, малолетничките и притвореничките.
Инаку во Основниот суд Тетово работат 19 судии на 19.453 предмети во првите девет месеца од годинава, од кои 4.155 се нерешени од лани. Во истиот период од вкупниот број предмети решени се 14.219. Зголемен е приливот во областите на прекршочни и граѓански предмети. До септември се регистрирани 2 .099 граѓански предмети, од кои 629 се од лани, додека 1 471 се нови. Од нив решени се 1.548. Бројот на прекршочни предмети се 2 561, од кои лански се 409, а 2.561 се нови. Од нив решени се 2.114.
Зоран Димовски


