113 странски државјани во изминатите девет месеци се откриени на поширокото подрачје – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/18 1:24 PM

113 странски државјани во изминатите девет месеци се откриени на поширокото подрачје

113 странски државјани во изминатите девет месеци се откриени на поширокото подрачје.Речиси секој од нив не го пријавил престојот овде, а најмногу биле ангажирани во градежни и земјоделски активности.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, во изминатите девет месеци од оваа година, во редовни и акциски контроли, на поширокото полошко подрачје откриле вкупно 113 странски државјани од кој 96 во Тетово и 17 во Гостивар, кои непријавено, односно нелегално престојувале и биле ангажирани,најмногу во градежни земјоделски активности.Најголемиот број од нив дури 108 биле од Република Албанија, 4 од Република Косово и 1 од Република Турција.

Откриените странски државјани во овој период,по приведувањето во Полициските станици Тетово и Гостивар,предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал,миграции,странци и реадмисија за натамошна постапка,информира СВР Тетово.

Значителен број од нив не поседувале валидни документи за идентификација и илегално влегле во нашата земја,додека речиси сите не го пријавиле престојот на подрачјето,што е спротивно со Законот за странци,поради што биле приведени за прекршоци на Основните судови во Тетово и Гостивар, по што се адекватно санкционирани и депортирани во матичните земји.

Зоран Димовски