113 странски државјани во изминатите девет месеци се откриени на поширокото подрачје.Речиси секој од нив не го пријавил престојот овде, а најмногу биле ангажирани во градежни и земјоделски активности.
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, во изминатите девет месеци од оваа година, во редовни и акциски контроли, на поширокото полошко подрачје откриле вкупно 113 странски државјани од кој 96 во Тетово и 17 во Гостивар, кои непријавено, односно нелегално престојувале и биле ангажирани,најмногу во градежни земјоделски активности.Најголемиот број од нив дури 108 биле од Република Албанија, 4 од Република Косово и 1 од Република Турција.
Откриените странски државјани во овој период,по приведувањето во Полициските станици Тетово и Гостивар,предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал,миграции,странци и реадмисија за натамошна постапка,информира СВР Тетово.
Значителен број од нив не поседувале валидни документи за идентификација и илегално влегле во нашата земја,додека речиси сите не го пријавиле престојот на подрачјето,што е спротивно со Законот за странци,поради што биле приведени за прекршоци на Основните судови во Тетово и Гостивар, по што се адекватно санкционирани и депортирани во матичните земји.
Зоран Димовски


