По Џорџ Сорос, Хилари Клинтон, Барак Обама, соминителен патек и до адреса на Роберт Де Ниро – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/18 12:08 PM

По Џорџ Сорос, Хилари Клинтон, Барак Обама, соминителен патек и до адреса на Роберт Де Ниро

Соминтелен пакет пронајден во ресторанот во Њујорк  на познатиот холивудски актер Роберт Де Ниро. Овој соминтелен пакет е сличен на оние што беа испратени до седиштето на CNN и истакнати Демократи. Американските медиуми пишуваат дека ова е осми сомнителен пакет кои деновивие е испратен до критичарите на Трамп.

Актерот Роберт Де Ниро беше еден од оние кој протестираше против Трамп и во една прилика го нарече „национална катастрофа“. Од полицијата во Њујорк изјавиле дека ресторанот бил празен во моментот кога пристигнал сомнителниот пакет.

Сомнителните експлозивни пакети почнаа да пристигнуваат од понеделникот и до сега беа испратени на адресите на  милијардерот Џорџ Сорос – донатор на Демократската партија, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, поранешниот претседател Барак Обама, поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, до седиштето на Си-Ен-Ен, поранешниот јавен обвинител Ерик Холдер, демократската конгресменка Максин Вотерс од Калифорнија. ФБИ отвори истрага за испраќачот.

Она што е познато до овој момент е дека во  пакетите-бомби имало прав и скршено стакло во цевка од ПВЦ материјал долга околу 15 сантиметри облепени со црна лента. Во нив имало и мала батерија како за часовник. Не е потврдено  дали направите биле експлозивни.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека во Америка нема место за закани со политичко насилство.

– Целата сила на нашата Влада ќе биде искористена за оваа истрага и за изведување на одговорните пред лицето на правдата. Нема да штедиме на ресурси и трошоци, рече Трамп.