Несовесни гостиварци освен урбана опрема почнаа да крадат и зеленило. Откако дел од клупите, детските реквизити, чешми и слично беа оштетени и украдени, деновиве откорнати се дрвцата засадени неодамна покрај кејот на реката Вардар.
Сите дрвца кои неодамна беа засадени покрај кејот на реката Вардар во мини паркот која беше најпосетуван од гостиварци се откорнати.Овој чин е дел од низата по ред на вандалски чекори на несовени гостиварци, откако на мета беше поголема урбана опрема како чешми, канделабри, клупи и слично. Граѓаните ја осудуваат ваквата појава која се прави од несовесни гостиварци и немање на култура и свест за зачувување на јавното добро.
Уништување на урбана опрема и зеленило е прекршување на законот за јавна чистота, за што следува парична казна од 100 до 400 евра. Но досега и покрај многубројните прекрушувања на законот, ретко кој гостиварец е казнет.
Зоран Димовски


