Завршува јавниот повик за финансиска поддршка за млади земјоделци – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/18 7:00 AM

Завршува јавниот повик за финансиска поддршка за млади земјоделци

Во велешкото село Горно Оризаре, денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со завршувањето на јавниот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци.

На конференцијата ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Извор:МИА