Вработен неовластено земал парични средства од Македонска пошта – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/18 2:00 PM

Вработен неовластено земал парични средства од Македонска пошта

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Г.(52) од село Цапари, битoлско и В.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во сужбата“.

На 08.09.2018 година првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари . Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта-подружница Битола, на 03.09.2018 година неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани соопшти МВР.