Нападнат скопјанец во својот дом – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/18 1:25 PM

Нападнат скопјанец во својот дом

На 23.10.2018 година во 20.15 часот во СВР Скопје, И.М.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден во 20.00 часот во неговиот дом дошле лицата А.Г., С.Г., З.„Н“, С.„Н“, А.„Н“ и уште две непознати лица и физички го нападнале него и неговиот зет Ф.Р.. После тоа, А.Г. ја однел Д.А., со која А.Г. претходно бил во врска соопштува МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.