На 23.10.2018 година во 20.15 часот во СВР Скопје, И.М.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден во 20.00 часот во неговиот дом дошле лицата А.Г., С.Г., З.„Н“, С.„Н“, А.„Н“ и уште две непознати лица и физички го нападнале него и неговиот зет Ф.Р.. После тоа, А.Г. ја однел Д.А., со која А.Г. претходно бил во врска соопштува МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.


