Американското лото „Мега милион џек-пот“ беше извлечено синоќа, а среќниот добитник ќе биде побогат за една милијарда и 600 милиони долари. Ова е највисоката премија во американската историја.
Американскиот џек-пот има рекорден износ оти никој не го погодил од 24 јули, кога неколку граѓани поделија 543 милиони долари.
Наградата ја добил играч на среќа од американската сојузна држава Јужна Каролина.
Извор:МИА


