Лазаров: Да ги искористиме претстојните натпревари, за подобар настап на Мундијалот – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/18 12:05 PM

Лазаров: Да ги искористиме претстојните натпревари, за подобар настап на Мундијалот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров верува во нови добри изданија и успеси кои го следеа националниот тим изминатиот период.

„Црвено-жолтите“ утре против Турција стартуваат во квалификациите за Европското првенство 2020.

  • Почнуваме нов циклус, заедно со новиот наш партнер „Халкбанк“ се надеваме на нови успеси. Знаеме која ни е целта. Со максимален респект кон сите репрезентации од нашата група, се надевам дека со добра игра, квалитетна игра, дека ќе бидеме од ден во ден подобри и ќе ги искористиме овие натпревари за настапите на Светското првенство во јануари во Германија, рече Лазаров на денешната прес-конференција.

Средбата со Турција ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Извор:МИА