Се намалува возрасната граници на пациенти заболени од рак на дојка – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/18 9:38 AM

Се намалува возрасната граници на пациенти заболени од рак на дојка

Еднаш до два пати неделно во одделот за онкологија при Клиничката болница во Тетово се јавуваат пациенти со рак на дојка. Од одделот велат дека загрижува состојбата што и во Македонија и во останатите земји возрасната границата на заболени жени од рак се намалува.

Најмладата пациентка во Тетово која се обратила за лекарска помош поврзана со рак на дојка има 39 години. Единствениот онколог во Клничката болница во Тетово Вјолца Скендери, вели дека постојат повеќе причини за намалување на возрасната граница на заболени жени од рак.

Таа додава дека секоја припадничка на понежниот пол, треба да ги проверува своите дојки уште како девојче, а птооа следуваат редовните контроли. Раното откривање на ракот на дојката, може многу да и помогне на пациентката и болеста сосема да исчезне.

Во одделот за онкологија при Клиничката болница Тетово, за еден месец за помош се јавуваат шест до седум пациентки со рак на дојка.

Зоран Димовски