Историјата на Македонските пошти во период од 150 години преточена во една книга – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/18 7:38 AM

Историјата на Македонските пошти во период од 150 години преточена во една книга

Историчарот Бранислав Светозаревиќ успеал во една книга да је внесе целата историја на македонските пошти, во периодот од 1843 до 2010 година. Во неа се презентирани и жиговите на пратките кои се ипраќале во овој период. Книгата на Светозаревиќ е насловена Поштенска историја на територијата од Македонија од 1843 до 2010 година ( поштенски жигови).

Ово мое дело вели Светозаревиќ, е своевидна читанка за историчарите, музеолозите и археолозите, затоа што опфаќа голем период и ги прати писмата на обичниот народ, но и естаблишментот од тоа време, преку кој може да се дознаат многу работи и историски и географски факти.

Светозаревиќ за периодот од 150 години, открил дека во Македонија имало 555 пошти кои биле распространети низ целата територија на Македонија претежно на стратешки места. Од тие пошти писмата се праќале со најразлични жигови, како доказ дека пратката е уредно испратена.

На Светозаревиќ ова му е десетта книга, која ја пишувал 27 години, и е прва од ваков вид во Македонија.

Зоран Димовски