Пробиштип аплицира со три проекти за Програмата за рурален развој – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/18 1:51 PM

Пробиштип аплицира со три проекти за Програмата за рурален развој

Општина Пробиштип ги избра трите приоритетни проекти, за чија реализација ќе бара пари од Министерството за земојоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој.

„Станува збор за патен правец во населба Пробиштип до населено место Стрмош, се работи за патен правец од околу еденкилометар и 400 метри , каде околу 250 семејства имаат земјоделски површини”, вели градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.

Тој додаде дека вториот проект е за регионачниот пат Кратово – Пробиштип, каде се поврзува со населбата Пробиштип и третиот патен правец е Пробиштип – Злетово кај месноста Ратавица или Леговец.