Пронајдена неексплодирана граната во с.Ваксинце – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/18 1:42 PM

Пронајдена неексплодирана граната во с.Ваксинце

МВР денеска соопшти дека вчера во 16,55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Ваксинце кон село Слупчане, при изведување на градежни работи-ископ за водоводна мрежа, од страна на С.Х.(50) била пронајдена неексплодирана граната. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, а од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување истата била безбедно подигната.