Ријад ќе бара одговорност од сите вмешани во случајот Кашоги – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/18 1:23 PM

Ријад ќе бара одговорност од сите вмешани во случајот Кашоги

Саудиска Арабија ќе ги повика на одговорност сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги и тие кои не ги исполниле своите обврски, кој и да се, соопшти денеска Владата на Саудиска Арабија по седницата со која претседаваше кралот Салман.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ 59-годишниот Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.

Извор:МИА