СЈО нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/18 12:14 PM

СЈО нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков , информираат од СЈО.

Претходно и од Основниот суд Скопје 1 потврдија дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1  информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат од Основниот суд Скоје 1.

Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.