Атлантскиот пат е еден од најубавите, но и најопасен пат во светот. Се наоѓа во Норвешка и долг е 8 и пол километри, истиот е изграден во 1989 година. Дваесет и девет годишниот стар пат веќе се најде на листата културно наследство на земјата и мошне популарна туристички тура.
Патот е вистинско уживање за посетителите. Тие ќе бидат воодушевени од пејзажите кои може да се видат, во комбинација со северното море. Патот воедно поврзува неколку села и острови, сама изградба на патот траела шест години и чинела 25 милиони долари.

За време на изградбата на Атлантскиот пат регионот бил подгоден од 12 урагани. Кога почнува невреме, видливоста може да исчезне за неколку секунди, а убавите пејсажи за миг се заменуваат со опасни сцени на џиновски бранови.


