Полицијата трага по мајка која го оставила новороденчето кај бабата – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/18 11:13 AM

Полицијата трага по мајка која го оставила новороденчето кај бабата

Жена од скопски Аеродром претпладнево во полиција пријавила дека денеска во нејзиниот дом, дошла нејзината ќерка со своето новороденче кое го оставила таму и го напуштила станот – соопшти МВР.

Министерството информира дека новороденчето било однесено на преглед во „Мајка Тереза“, додавајќи дека преземаат мерки за пронаоѓање на мајката на детето и за целосно расчистување на настанот.