Моливот е едноставна алатка со која може да се направат совршени цртежи кои се сместуваат во категоријата модерни уметнички дела. Токму тоа го прави бугарскиот илустратор Ангел Ганев, кој очигледно е дека може да создаде прекрасна уметност со користење на различни алатки, но моливот е базата.
На неговиот Инстаграм профил, објавени се цртежи со совршени портрети направени со молив. Техниката се состои во контрастот и осветлувањето што прави цртежите да изгледаат како да блескаат, при тоа користи и бои за само да и дадат акцент на сликата.
Во продолжение погледнете што создаваат уметничките раце на Ангел Ганев.










