Неодамна во националниот парк Јосемити во Калифорнија, фотографот Метју Дипел направил една спoнтана фотографија која е сведок за убав и вечен момент на една двојка. Инаку Дипел го фотографирал моментот во кој едно момче ја запросува својата девојка на работ од една карпа. Фотографијата која може да ја погледнете подолу изгледа уметнички и воодушевувачки. Светлината на сонцето, локацијата биле вистински погодок за Метју Дипел да направи вакво уметничко дело.

Но најинтересниот дел од целата таа приказна е што младиот пар не знае дека е фотогрaфиран, а Метју се обидува преку најразлични алатки да го пронајде. Целата приказна за фотографијата ја раскажал Метју, во која вели дека тој го забележал моментот додека го чекал неговиот пријател, во кој момчето клекнало пред својата девојка и ја зпросило.
“Ова е многу популарно место за запросување. Не видов ништо невообичаено, по запросувањето тие се прегрнаа. Изгледаа среќно и мислам дека се поминало во најдобар ред”, изјавил Дипел.
Иако на фотографијата тие изгледаат дека се многу оддалечени од местото на фотографирање, сепак Метју објаснил дека тие биле на само две минути од него. По фотографирањето тој заминал на местото на кое стоеле тие, но повеќе не биле таму. Тој во близина на местото забележал неколку луѓе, но не успеал да го пронајде парот од фотографиите.
Но Метју не застанал тука, потрагата по парот ја продолжил на социјалните медиуми. Дипел ја објавил фотографијата од запросувањето и напишал:
“Помогнете ми да го пронајдам парот од фотографијата која ја направив на 6-ти октомври во националниот парк Јосемити”, напишал Метју. Неговата објава е споделена повеќе од 11 илјади пати, но се’ уште никој не успеал да го пронајде парот.

“Сакам да ги пронајдам и да им ја дадам оваа фотографија бидејќи овековечив еден многу посебен момент”, вели фотографот кој не губи надеж дека ќе ги пронајде идните младенци.
Се надеваме дека преубавата фотографија направена од Метју Дипел, еден ден ќе се најде во рацете на вистинската двојка.


