Напаѓачот на Јувентус, Манџукиќ нема да игра против Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/18 9:06 AM

Напаѓачот на Јувентус, Манџукиќ нема да игра против Манчестер Јунајтед

Марио Манџукиќ, напаѓачот на Јувентус нема да игра против Манчестер Јунајтед во натпреварот од третото коло на УЕФА Лигата на шампионите, информира прес службата на клубот од Торино.

Причината за отсуството на Манџукиќ на фудбалскиот терен е поради повреда на левиот глужд за време на тренинг. Според пишувањата на медиумите, хрватот ќе мора да паузира одреден период.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Јувентус ќе се игра вечер во 21 часот „Олд Трафорд“. Во пресрет на овој дуел, Јувентус е лидер во Х – групата со 6 бода, Манчестер е втор со 4, Валенсија има 1 бод, а последен е Јнаг Бојс без бодови.