Ладните денови на вашата убавина не и одат во прилог. Недостатокот на сонцето, значи и недостаток на витамин Д, што прави вашата кожа да изгледа стара.
Еве како ладното време влијае на вашата убавина:
Истакнување на подочниците
Подочниците во зима се многу повидливи затоа што ви недостига витамин Д. Овој проблем е поизразен кај жените со посветол тен, кој во ладните денови изгледаат и како да се четири години постари.
Косата изгледа суво
Ладното време штети на изгледот на косата, па затоа потребно е богато да ја негувате во текот на ладните денови, со цел да го вратите нејзиниот волумен и сјај.
Кожата станува сува
На кожата во ладните денови потребна и е подобра нега. Збогатете ја хидратацијата за да и дадете поголем сјај и еластичност.
Недостаток на физичка активност
Кога е ладно, обично малку потешко ви доаѓа да излезете од дома и да направите било каква физичка активност, и затоа секогаш ја одбирате опцијата да си седите во вашиот топол дома или под ќебе. Тоа е затоа што ладното време влијае на успорување на метаболизмот, зголемена телесна тежина и дури и може да предизвика промена и на вашето расположение.


