Вчера „Њујорк тајмс“ објави дека во близина на домот на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос, во округот Весчестер пронајдена e експлозивна направа. Направата била поставена во поштенска кутија и полицијата превентивно го детонирала.
Како што информираат медиумите најверојатно, Сорос не бил во домот за време на инцидентот.
Истрага за случајот води ФБИ од каде засега нема коментар. Сорос е човекот кој се потпишува како човек кој има обезбедено досега најмалку 18 милијарди долари за фондацијата „Отворено општетство за развој на демократијата и човековите права во светот“.


