Трамп најави укинување на помошта за Гватемала, Хондурас и Салвадор поради мигрантите – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 3:43 PM

Трамп најави укинување на помошта за Гватемала, Хондурас и Салвадор поради мигрантите

 

Вашингтон значително ја намалува помошта за три централноамерикански држави поради караванот мигранти кој се движи кон јужната граница на САД – соопшти американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Гватемала, Хондурас и Салвадор не беа во состојба да ја завршат работата и да ги спречат луѓето да ја напуштат својата земја и да дојдат илегално во САД”, напиша утрово Трамп на Твитер. „Сега ќе почнеме со прекинување или значително намалување на огромната странска помош што им беше рутински дадена”, најави тој.

Тие три држави добија повеќе од 500 милиони долари од САД во фискалната 2017 година.

Реакцијата на Трамп следува бидејќи илјадници мигранти одат од Мексико кон САД, а според него, мексиканската војска и полиција не можеле да го запрат караванот.