Осуденик за рекет и кражби во друштвото тепачи на Роберт Димитров – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 2:24 PM

Осуденик за рекет и кражби во друштвото тепачи на Роберт Димитров

Во вчерашната тепачка, основачот на „Телекабел“ Роберт Димитров, помош добил од поранешниот борач Жарко Коцев, кој само пред една недела излезе од затвор. На Коцев ова му беше втора затворска казна, која му беше скратена откако го фати општата амнестија, утврдена со последниот закон за помилување на затворениците. Помилувањето му ја скати казната од 3,5 години на 1,5 година. Казните затвор на Жарко Коцев му се досудени за изнуда и за разбојништво. Последната казна ја одлежа откако беше екстрадиран во Белгија, каде успеал да избега.

Довчерашниот осуденик за рекет и кражби, една недела по излегувањето за затвор, му се придружи на Роберт Димитров во дискотеката „Клик“, каде според полициското соопштение, заедно со уште двајца други (С.З.(28),Ф.З.(23)), со чаши и шишиња го удирале Ацо Панов по главата и телото.Потоа напаѓачите ја напуштиле дискотеката, а Панов е пренесен во Клиничката болница во Штип. Тешко повредениот Панов има расечена глава со триесетина конци и повреди по р`бетот, градниот кош, лицето и рацете.

Обвинителството спроведува истрага, која треба да покаже дали навистина обезбедувањето се повлекло и не реагирало, додека Димитров и друштвото крвнички го тепале Панов, при тоа, двајца го држеле, не дозволувајќи му да мрдне.

Сопственичкиот и менаџерскиот тим на дискотеката се огради од настанот и не сакаше да коментира. Горан Арсовски, еден од сопствениците на дискотеката „Клик“ за „Канал 77“ изјави дека  сите учесници во инцидентот се нивни битни клиенти и од тие причини не би сакале да се создава впечаток дека земаат една или друга страна. Арсовски вели дека не сака да бидат дел од шпекулациите, кои што на големо се плетат во градот. Полицијата  заедно со Обвинителството ја води истрагата и тие ќе утврдат кој е виновен и кој каква улога имал во инцидентот, рече Арсовски.

Со ова и натаму остануваат шпекулациите  дека за време на тепачката никој од обезбедувањето на дискотеката не реагирал, бидејќи е некогашното од кафе барот „Енџелс“ на Роберт Димитров.