Тешко повреден ловџија во Битолско – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 1:34 PM

Тешко повреден ловџија во Битолско

На 21.10.2018 година во СВР Битола било пријавено дека околу 08:30 часот К.Т. (59) од Битола, додека бил на лов со неговите пријатели Г.М. (43), Б.П. (65) , Б.В. (58) и З.В. ( 29), сите од Битола, во атарот на с.Лисолај, се здобил со повреди од огнено оружје, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола, а известен е и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.