Полицијата спроведува засилени сообраќајни контролни активности со цел откривање и санкционирање на прекршоците од кои најчести се пребрзо возење и управување на возила без положен возачки испит. Викендот на тетовско – гостиварското подрачје, при сообраќајните контроли посебен акцент беше ставен на алкотестирањето на возачите.
Викендот што измина, на поширокото полошко подрачје се спроведе сообраќајна акциска контрола каде голем број возачи беа алкотестирани. Со тетовската контрола вкупно биле опфатени 70 возачи, при што 60 возачи се алкотестирани.
На гостиварското подрачје пак, вкупно контролирани биле 60 возачи.Од 23-те алкотестирани, кај 5 возачи констатирано е присуство на алкохол повеќе од дозволеното и исклучени се од сообраќај, додека на 3 времено им се одземени возачките дозволи. Овие и 15-тте други видови прекршоци санкционирани се со мандатни и прекршочни платни налози.
Портпаролот Јосифоски вели дека сообраќајните контроли ќе се спроведуваат и понатака со засилен интензитет.
Според бројките од направените сообраќајни контроли, над 20 % од вкупниот број контролирани возачи не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, но позитивно е што бројката на прекршители во сообраќајот се повеќе се открива и санкционира.
Зоран Димовски


