Ќе има ли амнестија за обвинетите пратеници ? – процесот под будно око на јавноста – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 1:08 PM

Ќе има ли амнестија за обвинетите пратеници ? – процесот под будно око на јавноста

По изгласувањето на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, во петокот во Собранието на Република Македонија со двотретинско мнозинство кое беше обезбедено благодарејќи на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, јавноста будно ги следи судските процеси во кои се дел од нив, а со цел да се увери дали ќе има некакви промени во обвиненијата и крајниот исход.

Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ, се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ја отворија вратата за уставни промени. Од вкупно 8 пратеници, четворица се директно обвинети од страна на Основното јавно обвинителство и СЈО. Пратениците Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок при упадот во Собранието на 27 април минатата година за што им се заканува затворска казна од најмалку 10 години.

 

Веста е превземена во целост од А1он