За нормален развој неопходно е лицата со посебни потреби да спортуваат – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 11:43 AM

За нормален развој неопходно е лицата со посебни потреби да спортуваат

Учениците со инвалидитет и тие кои имаат оштетен вид и слух, активно да се вклучат во спортските активности, кои се дел од годишната програма на градот, но и образовната програма, бараат здруженијата на лица со посебни потреби. Спортските активности на оваа категорија лица, се непходни за нивниот личен развој.

Со цел доближување на спортот и спортските активности до лицата со посебни потреби, во Тетово започна да се спроведува проектот инклузевен спорт, во кој лица со инвалидитет, оштетен слух и вид се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Проектот има за цел да ги потикне институциите да им овомозможат на оваа категорија граѓани да бидат вклучени во спортот, во рамки на образованието, но и во рамки на општинската годишна програма од областа на спортот.

Од Спортската федерација на слепи лица, велат дека спортот е многу важен за правилен развој на лицата со посебни потреби.

Во рамки на проектот, во Тетово се одржаа спортки натпревари во кошарка и Гол Бол за слепи и лица со посебни потреби.

Зоран Димовски