Италијански колач со јаболки – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 12:00 PM

Италијански колач со јаболки

Колачот е едноставен за подготовка и многу вкусен …

Потребно е:
1. 180 гр брашно
2. 4-5 јаболки
3. 130 гр шеќер
4. 50 гр путер
5. 1/2 кесичка прашок за пециво
6. 2 жолчки
7. 130 мл млеко
8. прстофат сол

Подготовка:
– Жолчките изматете ги со шеќерот додека да се растопи шеќерот.

– Растопете го путерот и оставете да се излади. Половина додадете го во претходно изматената смеса. Додадете го и млекото и измешајте.

– Додадете прстофат сол, брашно и прашок за пециво. Убаво измешајте.

– Калапот во кој ќе го печете колачот прекријте го со хартија за печење и сипете ја смесата.

– Излупете ги јаболките и исецкајте ги на кришки. Наредете ги вертикално на тестото. Што повеќе јаболки ставите, тоа колачот ќе биде повкусен.

– Одозгора полијте со преостанатиот путер и посипете со 3 лажици шеќер.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30-35 минути или додека не порумени.

Извор:МИА