Горат полошките ниви – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 7:50 AM

Горат полошките ниви

Полошките ниви изминативе неколку години се користат како локации за горење на органски остатоци од есенската берба.Чадот од намерно предиизвиканите пожари од земјоделците се пренесува во населените места, кој дополнително го загадува воздухот.

Полошките ниви во есенскиот период, станаа локација каде се пали остатокот од растенијата после есенската берба.

Земјоделската површина е лоцирана долж деветте полошки општини, и сиот чад се разнесува во населените места загадувајќи го и онака загадениот воздух. Од Територијалната противпожарна единица Тетово, велат дека постојано реагираат на гасење на стрништа, кои знаат да излезат од контрола, и пожарот да се префрли на околните ниви.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, советуваат наместо да се запали, органскиот остаток може да се заора во земја и истата да се нахрани со минерали.

Од Инспекторатот за земјоделие, кои се надлежни за контрола на земјоделското земјиште, засега не одговараат дали ќе преземат некакви мерки за да се спречи ваквата појава.

Зоран Димовски