Ученички од Тетово направија хуман потег ја донираа косата за деца болни од рак – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/18 7:41 AM

Ученички од Тетово направија хуман потег ја донираа косата за деца болни од рак

Десетгодишна ученичка од основното училиште Андреја Савески Ќиќиш од Тетово, ја скрати својата коса за да ја донира како перика за деца кои се болни од рак. Нејзниот чекор ќе го следи и нејзината помала сестра, која учи во истото училиште.

Десетгодишната Јована Симовска се одлучила да ја донира својата коса, откако барала начини да направи нешто хумано. Нејзината мајка и кажала дека може да ја донира косата во хуманитарна организација.

Нејзиниот чекор ќе го следи и нејзината помала сестра, која учи во истото училиште.

Потегот на двете сестри кои се херои на училиштето, го поздрави раководството на Андреја Савески Ќиќиш.

Косата како што бара холандската организација мора да биде долга над триесет сантиметри да не биде обоена, како би одговарала од неа да се направи перика за деца болни од рак.

Зоран Димовски