Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија мандат на избори да го менуваат Уставот, да го бришат името Република Македонија и да го менуваат идентитетот.
Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија поддршка ниту на референдумот да ја бришат историјата, традицијата и културата на Република Македонија.
СДСМ и Зоран Заев ги погазија демократијата и правдата во Република Македонија. Немајќи смелост да се соочи со волјата на граѓаните која беше јасно искажана на референдумот, Заев посегна кон силување на институциите, државата и волјата на сопствениот народ.
Со ваквото насилничко носење на закони спротивно одлуката на народот и присилното собирање на гласови во законодавниот дом под закани за политички прогон, СДСМ и Зоран Заев го изгубија легитимитетот да зборуваат за демократски и европски вредности.
Тоа што и се случи на Македонија е срам и преседан кој нема допирни точки со демократијата. Таков пример се нема случено во ниту една земја од западниот демократски свет.
Јавноста конечно ја виде позадината на политичкиот прогон преку СЈО и обвинението за настаните од 27 април. Монтирани обвиненија против пратеници кои подоцна ги искористија како уцени за добивање на двотретинско со цел менување на уставното име на Република Македонија и спроведување на договорот од Преспа.
СДСМ со нивните насилнички и недемократски методи побараа и добија поддршка од истите пратеници за кои викаа дека се најголемо зло и им посакуваа се најлошо да им се случи.
Извор: МИА


