Обука на медицински персонал со цел намалување на смртноста на новороденчињата – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/18 1:46 PM

Обука на медицински персонал со цел намалување на смртноста на новороденчињата

Тим од Акушери, Неонаталози и Гинеколози од Клиничката болница Тетово на двонеделна обука учеа за најновите стандарди и протоколи на светската здравствена организација, со цел намалување на смрност кај родилките и новороденчињата. Денес им беа доделени сертификатите на здравствените работници кои учествуваа на обуката.

Заменик министерот за здравство Асим Муса, на денешното доделување на сертификати рече дека обуката на медицинскиот тим, ќе придонесе да се намали мајчината и новороденечката смртност,

На обуката учествуваа 21 работник од Клиничката болница Тетово

Во рамки на партнерството на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА со Владата на Република Македонија и Министерство за здравство за намалување на мајчината и новороденечка смртност, претходно низ истата обука мина и мултидисциплинарен тим од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Зоран Димовски