„Русите во Македонија“: Институционална соработка и идеја за создавање на електронски музеј на руска емиграција – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/18 12:42 PM

„Русите во Македонија“: Институционална соработка и идеја за создавање на електронски музеј на руска емиграција

Меѓуинституционална соработка помеѓу Македонија и Русија една од главните цели на меѓународната научно  – практична конференција на тема „Русите во Македонија“, на која учествуваа научници историчари и претставници на јавноста од земјава, Русија и Балканските земји.

„Со историјата на „руското жариште“ во Македонија се занимаваат само малкубројни ентузијасти , руски сонародници и нерамнодушни Македонци“, изјави Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин, и  додаде дека не може да се прецени улогата на Русите  во создавањето на најразлични сфери на јавниот, научен и културен живот во Македонија.

„Првото музичко училиште, првата оперска претстава, првиот природно – научен музеј, учество во основното на првата високобразовна институција, формирање на првите архитектонски школи, обновување на мноштвото – и тоа не е целосна листа на она што му дадоа на својот втор дом Русите што се најдоа по волја на судбината во Македонија. Успешно функционираат здруженијата на сонародници што се бават со промоција на руски јазик и култура. Сепак не треба да се заборави дека преспективи на „руското жариште“ во Македонија, како и во сите земји , каде што наши луѓе се обединија околу зачуваување на рускиот идентитетсе обусловени со континуитет со наследството на претходници и предци и не се можни бес претпазлив однос кон нивното сеќавање“, изјави Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин.

Целта на настанот е да се иницира на институционална соработка врз основа на презентирање на резултати од истражувањето за руската емиграција.

„Со оваа научна конференција би сакале  да иницијраме институционална соработка затоа што тука присутни се претставници од различни институции од целиот Балкан, од Русија и Македонија. Ќе се зборува за моментот на некрополистика тоа  е многу интересна наука што ги изучва сите остатоци на Русите кои што оставија своите погребани коски на целиот Балкан. Нивните истражувања е работа на долгогодишна работа, не е нешто моментално направено“, вели Елена Силјаноска, претседател на Здружението на руски сонародници „Чајка“, која истакна дека имаат идеја за создавање на електронски музеј на руска емиграција.

Настанот е предвиден да заврши утре на 20 –ти октомври со животните приказни на руските емигранти со спомени на нивните потомци. Организатори на настанот се Здружение на руски сонародници “Чајка” (Македонија) со финансиска поддршка од страна на Фондот на народна дипломатија „Горчаков” (Русија).