Џиновска пајажина на брегот на езеро во северна Грција – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/18 8:39 AM

Џиновска пајажина на брегот на езеро во северна Грција

Веќе неколку дена брегот на езерото Вистонида во северна Грција, односно на оградата на водите долга 1.000 метри, е покриен од огромна пајажина, исплетена од илјадници мали пајаци.

Пајажината, според стручните лица е резултат на зголемениот број комарци и мушички, кои на повисоки температури се размножуваат со поголем интензитет. Тие се храна за пајаците.

Метеоролошките услови се идеални за размножувањето на пајаците и со такво изобилие од храна се зголемува нивниот број, објаснуваат биолозите.

Извор:МИА