Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека екстремисти од ИД почнале со убивање на околу 700 заложници кои неодамна се киднапирани во Сирија.
На меѓународен форум во Сочи, Путин синоќа рече дека „ИД неодамна ја проширила својата територија и зела за заложници 130 семејства односно околу 700 луѓе“.
Тој додаде дека екстремистите изнеле барања кои не ги прецизира, како и дека предупредиле убивање секој ден по 10 луѓе ако тие барања не се исполнат.
– Тие претходниот ден веќе убија 10 луѓе, изјави Путин и додаде дека почнале да се остваруваат нивните закани. Заложниците се киднапирани во напад врз бегалски камп.
Извор:МИА