Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/18 2:03 PM

Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

Општина Гостивар започна со третманот на кучињата бездомници од градските улици. Денес во тетовска ветеринарна амбуланта се изврши чипирање, вакцинирање и кастрација на заловените животни.

Градоначалникот Арбен Таравари истакна дека наскоро ќе започне да функционира и стационарот за улични кучиња, откако ќе биде лиценциран.

Од Ветеринарната комора на Македонија ја поддржуваат реализацијата на решавање на еден многу сериозен и комунален и јавно здравствен проблем со кучињата скитници, кој освен во Гостивар е присутен и во другите градови.

 Со години наназад граѓаните на Гостивар се соочуваат со проблемот со кучињата скитници. Неретко се случува да се движат во чопор и да бидат агресив.

Зоран Димовски