Доколку раковоството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува по секоја цена да ја блокира иднината на државата неизбежни се предвремени парламентарни избори – порача денеска на прес конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
Тој вели дека се надева оти пратениците од опозицијата ќе ја сфатат сериозноста на моментот и ќе се надминат во однос на партиските соопштенија или ставови.
„Ова е првата фаза, она што за еден закон значи оценување на потреба. Ние сега ќе носиме одлука за иницијативата од Владата, а инаку по изгласувањето на уставните амандмани не’ очекува долг период и во тој период сме сигурни дека не крајот сите ќе одлучиме за европска иднина на Македонија“, изјави Тунтев.
Пораката на Тунтев доаѓа еден ден откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За пдообра Македонија“ соопштија дека нема да учествуваат на расправата за предлогот за уставни измени во Собранието, која треба да продолжи в петок.
Уставните измени беа предложени од Владата согласно Договорот од Преспа кој според демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ е асиметричен.
Демократската фракција при најголемата опозициска партија во земјава денеска оцени дека референдумот бил неуспешен. Оттаму ги повикаа пратениците оследно да ја испочитуваат волјата на повеќе од 2/3 од граѓаните на Република Македонија, кои не се согласиле со содржината на Договорот од Преспа.