Хју Џекмен 22 години во среќен брак со неговата 13 години постара избраничка – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/18 12:38 PM

Хју Џекмен 22 години во среќен брак со неговата 13 години постара избраничка

Холивудската ѕвезда Хју Џекмен (50) и неговата сопруга Дебора Ли Фернес се венчаа во 1996 година и веќе 22 години докажуваат дека се една од ретките „складни“ двојки во светот на познатите.

Синоќа тие се појавија на доделувањето на наградите „Златно срце“, насмеани и расположени покажувајќи дека љубовта им цвета како да се штотуку венчани, иако таа е 13 години повозрасна.

Во текот на годините, Дебора двапати беше бремена и двапати го изгуби бебето, па тие одлучија да ги посвојат Оскар и Ава.

Извор:МИА